Поранешната членка на „Задруга“ Ања Тодоровиќ неодамна проговори за непристојните понуди што ги добива и тврди дека еден маж и понудил дури 100.000 евра за интимни услуги.
– Добивам непристојни понуди, секако, имам такви послободни слики, па не е ни чудо што луѓето така мислат. Добив разни пораки, или ги блокираш или не одговараш. Имаше човек, појма немам, кој ми понуди 100.000 евра да преноќи со мене, се згрозив, изјавила Ања за Republika.rs и коментирала за проституцијата во Дубаи.
– Никогаш не сум била во Дубаи, планирав, но поради целата таа приказна не сакам. Мислам дека имаше неколку луѓе кои го направија тоа. Не се согласувам со тоа, не ми се допаѓа, тоа продавање на моето тело. Јас сум против тоа.