Денеска почина пејачот Аки Рахимовски. Тажната вест е потврдена на официјалната Фејсбук страница на групата „Парни ваљак“

-Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денеска (22.01.2022) засекогаш заспа Аки Рахимовски, објавено е на официјалниот Фејсбук профил на Парни Ваљак.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Малкумина знаат дека тој има син, кој исто така се занимава со музика.

Кристијан Рахимовски со децении се занимава со музика и дел од неговите песни можеа да се слушнат и во регионот, посебно во Хрватска.

Секако, тој планира во иднина да се пробие и на српската и на македонската сцена.

Легендарниот пејач и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски дефинитивно има свој наследник и генетски и како пејач.

📸

📸

🎥

🎥