Мики Секуловски и Андријана Петрушовска се пласираа во супер финалето од „Ѕвездите на Гранд“ кое се одржува вечерва во Белград.
Друштво на Секуловски и Петрушовска во суперфиналето им прави натпреварувачката од Босна и Херцеговина, Шејла Зониќ.
Во тек е последното гласање, по што ќе биде соопштен победникот од овие тројца натпреварувачи.
Дали Македонија ќе ја однесе победата повторно, исто како и минатата година кога славеше Славица Ангелова, останува да видиме наскоро.
За оние што сакаат да гласаат од Македонија треба да испратат СМС на бројот 145333. За Мики Секуловски бројот 1, за Андријана Петрушовска бројот 20.