На социјалната мрежа Инстаграм вирално се шири снимка за која се тврди дека е направена вчера во популарното туристичко место Неа Флогита на Халкидики.
На снимката се гледа како силниот ветер прави тотален хаос и ги фрла во воздух чадорите со голема леснотија.
Неа Флогита е крајбрежно место во Халкидики, Грција, 52 километри од Солун и 6 километри од Неа Муданија. Тоа е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики.
Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови.
Во продолжение погледнете ја снимката: