Жителите на скопските Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Орман како и делот од Ѓорче Петров во околината на училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ попладнево останаа во мрак.
Нема информација дали има некаков дефект на електричната мрежа.
Жителите на населените места се жалат дека се исклучени од струја веќе еден час и не знаат кога ќе добијат струја.