Невидено невреме на ова подрачје на Балканот, по Хрватска и Србија, го зафати и подрачјето на Црна Гора.
Демолирани плажи, потонати автомобили, силно невреме кое корне дрвја се глетките што луѓето утринава можеа да ги видат ширум Црна Гора.
Како што може да се види на видеата објавени на страницата на Инстаграм podgoricki_vremeplov, чадори, лежалки и маси се однесени од силниот бурен ветер на плажите, а сообраќајот е едвај прооден низ државата.
Центарот на Будва под вода!
Како што пренесуваат црногорските медиуми, центарот на Будва е под вода поради обилните врнежи, низ недовршена улица 22 ноември течат потоци. Водата го поплави целото шеталиште.
Во Никшиќ силното невреме оштети покриви на куќи и откорна дрвја.
Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот булевар Свети Петар Цетињски.
Три кранови се уништени во пристаништето Бар поради силно невреме.
Во текот на вечерните и ноќните часови се очекува слабеење на врнежите во Црна Гора.