Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.

– Денес околу 15 часот во полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема – рече Ангеловски.

Увид на местото врши екипа на полициската станица Гевгелија.