Млад 17-годишен руски спортист кој работел во српски ресторан во Москва починал на своето работно место, јавија руските медиуми.
Според изворот, телото на младиот човек го откриле неговите колеги, кои веднаш повикале брза помош, а точната причина за смртта на младиот човек ќе биде утврдена по обдукцијата.
При увидот, во џебот му била пронајдена плинска патрона за полнење на запалката, па постои сомнеж за задушување.
Руските медиуми јавуваат дека несреќниот млад човек бил голема перспектива на Русија во санлање. Тој лани освои бронзен медал на државното првенство. Но, на последниот лекарски преглед лекарите му забраниле да тренира и да учествува на натпревари поради срцеви неправилности.
Името на настраданиот млад човек не се споменува, а изјава за руските медиуми даде неговата тренерка Олга Рјабова.
„Тој беше член на младинскиот тим на Москва. Да, имаше одредени здравствени проблеми, но беше подложен на третман, а следниот преглед не откри никакви абнормалности. Трениравме за натпреварот што требаше да се одржи на 15 ноември во Сочи“, рече Рјабова.
Таа додаде дека младиот човек студирал на факултетот за вонредни ситуации и дека сакал да биде спасител.