21-годишна девојка била пронајдена мртва во четвртокот наутро во Осиек. Девојчето настрадало од истрел од службениот пиштол на полицаец кој во моментот на трагедијата бил во станот. Неофицијално се работи за момчето на починатата.
Информацијата ја потврдија и од ПУ на Осиек-Барања.
– Синоќа околу 22.05 часот во стан во Осиек е убиена 21-годишна жена. Во овој момент не можеме да дадеме повеќе информации за динамиката на овој настан, освен што смртта на девојчето настанала од огнено оружје, кое е и службено оружје на полициски службеник кој не бил на должност, а кој бил присутен во станот во моментот на настанот. Полициски службеници продолжуваат со утврдување на сите факти и околности за овој настан, за што во догледно време ќе ја информираме јавноста – соопштија од ПУ Осиек-Барања.
Се уште се истражуваат сите околности на оваа трагедија, која се случи во Осиек, Доњи Град.