Горан Ерчиќ (29), млад фудбалер на ФК „Задругар“ од Мачвански Причиновиќи, ненадејно почина вчера во село Шеварице под околности кои допрва треба да се утврдат.

– Неговото тело во дворот го пронашол далечен роднина. Известена е полиција, а лекарите од Итна помош констатирале смрт – изјави жител на Мачвански Причиновиќ.

По наредба на обвинителството се врши обдукција за утврдување на причините за смртта.

Соиграчите од ФК „Задругар“ синоќа на социјалните мрежи се збогуваат со стандардниот првотимец на овој клуб.

– Горан беше прекрасен човек, верен пријател, чија насмевка и добрина ќе им недостига на сите што го познаваа. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и сите негови најблиски – се вели во соопштението.

– Горан потекнува од добро семејство, беше почитуван и сакан во селото, момче без маани и пороци. До неодамна живееше во нашето село со брат му и татко му, а кога купи куќа во Шеварице се пресели таму и почна самостоен живот – велат во Мачвански Причиновиќ.