Катарина Л.(30) од Србиј загина во сообраќајна несреќа кај селото Јазак, на патот Врдник-Рума, кога „полото“ што го возела удрило во комбе, јауваат српските медиуми. Несреќата се случила вчера околу 12 часот.

– Зад воланот на „полото“ била несреќната девојка која од засега непознати причини преминала на спротивната лента и директно удрила во комбето. Според првите информации од истрагата, таа најверојатно го користела телефонот, не ја „фатила“ кривината и удрила во возилото – вели изворот на српски Курир.

Пријателката на Катарина Л. вели дека таа во моментот на несреќата се враќала од работа.

– Се вработи во Сремска Митровица и се враќаше од работа по локален пат, бидејќи тоа е вообичаена кратенка. Многу сме потресени од оваа трагедија – вели пријателката.

„Инаку, таткото на Катарина починал пред осум години, а сега мајка и останала сама, бидејќи Катарина била единствено дете“.