Руските медиуми јавуваат дека имало пукање во ноќниот клуб Џој во Каменск-Уралски. Како последица на тоа починал млад човек. Според првичните информации, жртвата е локалниот боксер Александар М.

Очевидци известија дека тој бил застрелан неколку пати со пиштол за шокирање. Три куршуми ја погодиле главата на човекот.

„Полицијата трага по евентуално инволвираните во инцидентот – Олег Бабушкин, роден 1986 година и Сергеј Малцев, роден 1990 година. Инцидентот се случил поради конфликт меѓу боксерот и двајцата осомничени“, соопштија властите.

Очевидци прецизираа и дека боксерот бил многу пијан и замавнал со нож, заканувајќи им се на противниците.

„Тој извади нож и почна да мавта со него. Момчињата го собориja и трипати го застрелале во задниот дел од главата со трауматски пиштол “, напишаa очевидци.