На 05.07.2021 во 21.20 часот во СВР Охрид од Општа болница Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Р.Албанија, кој со повреди се здобил околу 16.00 часот, извршувајќи работни задачи на место викано „Грагорица”, во атар на с.Свиниште.

По укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор.

Пронајдено починато лице во објектот на Турски театар во Скопје

Во објектот на Турски театар во Скопје вчера било пронајдено починато лице.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера околу 18 часот во СВР Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.