Поранешниот фудбалер и млад репрезентативец на Словенија, Роберт Певец брутално ја претепал неговата сопруга, која починала од ударите кои ги добила, а информацијата ја потврди словенечката полиција.

Полицијата потврди дека се случило убиство поради кое морале да излезат на терен заедно со екипа на брзата помош, но ѝ немало спас на жената.

Бившиот фудбалер се наоѓа во 48-часовен притвор, а потоа ќе биде изнесен пред истражен судија, кој треба да донесе одлука за неговата иднина.

Певец и неговата сопруга биле во брак од 2019 година, а имаат и две заеднички деца, кои биле сведоци на грозоморното убиство.