Прњавор го потресе веста за смртта на момчето Давид Петровиќ (17) кое починало откако му се слошило синоќа на фолклорна проба, пишува Српскаинфо.
Била повикана брза помош, но и покрај сите напори на медицинските работници, Давид починал од срцев удар.
„Утрово нашиот град, нашето училиште и сите нас, ученици и наставници, бевме потресени од веста за смртта на нашиот ученик Давид Петровиќ. Сакаме да изразиме длабоко и искрено сочувство до семејството и до сите кои го сакаа. Патувај синооко момче, насмевни им се на ѕвездите“, стои во објавата на официјалната Фејсбук страница на Гимназијата.
Соопштението го коментираа десетици граѓани, кои изразија сочувство до семејството за трагичната загуба.
Да потсетиме, според тамошните медиуми, на Давид синоќа му се слошило на фолклор. Била повикана брза помош, но и покрај сите напори на медицинските работници, момчето починало од срцев удар. Не е познато дали момчето претходно имало здравствени проблеми.
Пиел многу енергетски пијалоци?
Дури и во културно-уметничкото друштво, каде момчето со години играше фолклор, никој не ни помислуваше дека ова веселo русокосo момче може да има проблеми со срцето.
Како што сведочат другите фолклористи, кога на Давид му се слошило и паднал, сите биле во шок. Но, брзо повикале брза помош, момчето итно било пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, но не можело да се спаси.
-Денес неговите врсници зборуваат само за тоа. Се слуша приказната дека Давид пиел многу енергетски пијалоци, не знам дали е вистина, но факт е дека сите млади ги пијат – вели соговорникот на Српскаинфо.
Сите објави од Фејсбук профилот на Давид се отстранети, а неговите пријатели се збогуваат со него со трогателни пораки на социјалните мрежи.