Две деветнаесетгодишни девојчиња загинаа, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во Велика Обарска кај Бјелина, соопшти Окружното јавно обвинителство Бјелина, Република Српска (БиХ).

Во несреќата учествувале две возила, а загинале две девојчиња, додека четири лица се повредени.

Според полициската управа Бјелина, во несреќата учествувале патничко возило марка „форд“ управувано од Т.С., со совозачот А.Г. и сопатничките М.В. и П.С. и товарно возило „пежо“ управувано од Ц.Т., со совозач М.Т.

„Смртно повредени се лицата М.В. и П.С., додека останатите лица од двете возила поради здобиените повреди се пренесени во надлежната здравствена установа за укажување лекарска помош“, се вели во соопштението.

На Ана Голе (19) од Бјелина, која по тешка сообраќајна несреќа е хоспитализирана во Белград, итно и треба крв.

Оваа информација за Срна ја потврдија нејзините пријатели, кои упатија апел до сите што се во можност да даруваат крв утре во српскиот завод за трансфузија на крв во близина на храмот Свети Сава во Белград.

Од болницата во Бјелина потврдија дека животот на девојчето е во опасност и дека итно е пренесена во Ургентниот центар во Белград.

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа две 19-годишни девојки.

Фотографија со запалена свеќа е објавена вечерва на Фејсбук страницата на гимназијата „Филип Вишњиќ“ во Бјелина.

Девојчињата кои загинаа одеа токму во ова училиште, како и две други повредени девојчиња.

„Ова е трагедија каква што ова училиште досега не видела“, велат жителите на Бјелина за InfoBijeljina.