– Те молам, дозволете ми да ја видам, можеби е мојата ќерка – одекна плачот на несреќниот човек во улицата „Д-р Иван Рибар“ во Нов Белград. За сега, непознат маж излегол на местото на несреќата во која денеска загина девојче (10).

Според досега познатите информации кои ги објавуваат српските медиуми, таа истрчала од автобусот на станицата и потоа на неа налетал камион. И покрај обидите на лекарите да и помогнат, девојчето починало на лице место.

Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, телото на девојчето покриено со чаршаф се уште е на улица.

Полицијата барала податоци за непознатиот маж, по што тој отишол да ја земе сопругата.

Несреќната жена клекнала и молела да се приближи до телото на детето за да открие дали е нејзината ќерка. Меѓутоа, полицијата не и го дозволила тоа.

– Тогаш родителите рекле дека телефонот на нивната ќерка е достапен и дека ќе и се јават да видат дали е таа. Се јавија, заѕвони телефонот, но во тој момент тој телефон не беше кај тоа девојче, пишува Блиц.

Непознатиот маж изјавил дека покрај телото на девојчето недостасува чантата што ја носела неговата ќерка.

После тоа, полицијата ги пуштила родителите да се приближат до телото на девојчето, но, за жал, не успеале да ја идентификуваат.