Новинарката на Радио Телевизија Србија (РТС) Милица Милановиќ почина во својата 37-ма година од животот, објавуваат српските медиуми.

Како што наведува РТС, Милица Милановиќ во нивната медиумска куќа почнала да работи уште како девојка во емисијата „ДИМ“ и „Гаража“, а подоцна како новинар во емисиите од Сателитскиот програм.

-Ќе ја паметиме како добар човек и колега. Зад себе ги остави четиригодишната ќерка, сопругот, мајка и татко, соопшти РТС.

Погребот на Милица Милановиќ ќе се одржи во понеделник во 13 часот.