Полициското одделение Коњиќ во утринските часови на подрачјето на Јабланица (БиХ) регистрирало трагичен случај на самоубиство на припадничка на Полициската станица Јабланица, Мајда Рамиќ (42).

Деталите за овој настан се шокантни, а брзо се спроведени истражни дејствија за да се утврдат сите околности на овој тажен настан. Полицајката си го одзела животот пре семејната куќа.

Дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон-Регионална канцеларија Коњиќ ја водеше истрагата на лице место. Според информациите од Обвинителството на ХНК, по спроведената истрага и прибраните материјални докази, недвосмислено е утврдено дека во овој случај нема основа за сомневање за можно кривично дело.

– Мајда беше пример за сите. Беше член на ГСС, спасуваше луѓе од неволја, одличен фитнес тренер кој имаше своја теретана. Својата кариера ја посвети на борбата против криминалот, пишуваат босанските медиуми.

– За жал, таа немала ниту сопруг, ниту деца. Мотивот се уште не е познат, а цела Јабланица, но и поширокото подрачје ја знае само по добро – изјави читател на порталот Црна-Хроника по повод немилиот настан во Јабланица.

Потврдено е дека Мајда Рамиќ се самоубила пукајќи во себе со службен пиштол. Ова е дополнителен шокантен податок кој го привлекува вниманието на прашањето за пристапот до оружје и менталното здравје на вработените во безбедносните служби. Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон ги презема сите неопходни чекори за расветлување на сите околности кои довеле до овој трагичен чин.

– Станува збор за самоубиството што го извршила М.Р. (1982), припадничка на Полициската станица Јабланица од истрел од пиштол. Можеме да потврдиме дека самоубиството е извршено со службен пиштол. Исто така, се преземаат сите активности за расветлување на сите околности под кои се случил овој настан – потврдија за порталот „Аваз“ од Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.