Ужасна вест доаѓа од Англија каде што почина хокеарот Адам Џонсон (29 години), кој по кариерата во НХЛ настапуваше за британскиот тим Нотингем Пантерс во чиј дрес настрада по хорор-повреда на мразот!
На гостувањето на овој тим кај Шефилд Стилерс, дојде до прекин по инцидентот во кој на Џонсон му бил пресечен вратот со лизгалка, а навивачите шокирани од страшната повреда веднаш во солзи ја напуштиле арената, а имало и фанови кои се онесвестиле поради ужасот на кој биле сведоци. Очевидци за англиските медиуми потврдија дека несреќниот Џонсон по повредата се обидел да стигне до својата клупа, но само се струполил на мразот. Веднаш бил однесен во болница, но за жал веќе било доцна и немало начин да се спаси.
Џонсон е роден во Хибинг, Минесота, а во НХЛ играше за Питсбург пингвинс, по што се пресели во Европа каде што играше за шведски Малме, германски Аугзбингер и на крајот во В. Британија, каде што трагично го загуби животот.
Adam Johnson Ice hockey Injury. This was kung-fu kick by the guy in red. RIP pic.twitter.com/CzF8XDG53T
— Jimi (@Jamesmk2010) October 29, 2023