Музичарот Дејан Митровиќ загина во понеделникот вечерта на патот кај Обреновац кога на него налетал автомобил управуван од жена.
Како што неофицијално дознаваат медиумите, виолинистот загинал во тешка сообраќајна несреќа предизвикана од жена која преминала во спротивната лента. Од силината на ударот Дејан починал на лице место на несреќата.
За жал, немало помош за младиот музичар и лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
Колегите на Дејан го паметат како велемајстор на виолина, а на своите профили на социјалната мрежа Инстаграм се простуваат од него со емотивни пораки:
-Вака те сакам и вака ќе те паметам. Почивај во мир добар пријателе, напиша колешката на Дејан, пејачката Марина Богдановиќ.