На 13.04.2023 во 21.14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„АСНОМ“, на подрачјето на Аеродром, била пронајдена почината М.Г.(45) од Скопје.
Според пријавеното, додека била во патничко возило „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, на М.Г. ѝ се слошило и починала.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.