Истарската полиција во неделата извести дека починало дете кое случајно паднало во монтажен базен покрај куќа во Пула.
Полицијата завчера околу 15 часот добила пријава дека Итната медицинска помош му помага на дете кое паднало во базен во двор од куќа на улицата Медулинска во Пула, соопшти ПУ на Истра.
И покрај напорите на здравствените работници, детето починало. За утврдување на точната причина за смртта, надлежното државно правобранителство нареди обдукција.
Според неофицијални информации, несреќата се случила за време на роденденска прослава. Тригодишно момче си играло со други деца и во момент на невнимание паднало во монтажниот базен до куќата.