Тамајо Пери, актерот од филмот „Пиратите од Карибите“ почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфал на Хаваи во неделата попладне.
Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13 часот по локално време.
Во меѓувреме, тој беше извлечен од водата, но лекарите можеа само да ја потврдат смртта на 49-годишниот Пери, кој исто така бил спасувач.
Пери глумеше во четвртото продолжение на серијалот „Пиратите од Карибите“. Тој исто така беше актер и во сериите Lost , Hawaii Five-0 и Blue Crush.