Дете на осум години е пронајдено мртво во базен во Халкидики во еден камп, а причината за смртта ќе ја открие истрагата. Според првите информации, станува збор за девојче.

Според информациите на ThessToday.gr, кампот бил на првиот крак на Халкидики, кога под неразјаснети околности детето е пронајдено без знаци на живот.

– Кампот е во Криопиги. Под засега неутврдени околности, 8-годишното дете било пронајдено мртво во базенот. Штом сфатиле дека нешто не е во ред со детето, оние кои биле таму притрчале кон неа и ја извлекле од водата, објавија грчките медиуми.

Веднаш по извлекување на детето стигнале возила на брза помош, но обидите за реанимација биле неуспешни.

Според истите информации, грчката полиција во 15.30 часот била известена од службите за итна помош, која веќе се упатила кон кампот со две возила на брза помош и со придружба на лекар.

– Полициските сили, како и обвинителот се упатија кон кампот, каде што започнаа со истрага, фокусирајќи се на три клучни лица: водачот на тимот, спасителот на базенот и управителот на кампот, објавија медиумите.

Детето првично било пренесено во несвест во Здравствениот дом Касандра. Оттаму било префрлено во болницата АХЕПА во Солун, каде била констатирана смрт.