Две мртви лица се пронајдени во стан во градот Иванец во близина на Вараждин денеска попладне. Станува збор за маж и жена. Полицијата ја добила пријавата околу 13 часот и 40 минути.

По истрагата, заменик жупанискиот државен обвинител Дарко Галиќ изјави дека е утврдено дека две лица се мртви, а смртта несомнено била предизвикана од огнено оружје.

– Останува да видиме дали се работи за службено оружје. Исто така, засега не е веројатно дека во настанот учествувало трето лице, јави репортерката на ТВ Дневник Нова, Петра Буљан од Иванец.

Галиќ не сакаше да открие во какви оноси биле сега починатите, ниту дали претходно имало пријави за насилство.

– Утврдено е дека се работи за полициски службеници од полициската управа Вараждин, соопштија од управата нешто по 17 часот.

Пред насобраните новинари на местото на настанот кратко им се обрати началникот на полициската управа Вараждин, Предраг Бенчиќ.

„Ова е навистина трагичен настан, двајца полицајци ги загубија животите. Околностите се уште се утврдуваат, по истрагата ќе се знаат сите детали. Ова е настан кој не е запишан во историјата на СВР Вараждин и шокирани сме сите ние, сите колеги, затоа што ваков настан не се памети на просторот на нашата полициска управа“, изјави Предраг Бенчиќ.