Вчера на 35 годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип, оженет и татко на две малолетни деца, објави МНЕТ.

Доктор Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист.

Доктор Симон Василев беше ценет и почитуван другар, пријател, роднина, подготвен секогаш и на секого да помогне во најразлични ситуации.

Градот Штип и лекарската фела изгуби исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно.