Менаџерот Васко Павлевски, сопственик на „Горила Продукција“ денеска на социјалните мрежи ја сподели тажната вест за прераната смрт на Кирил Чипурески од Битола.
– Другар почивај во мир 💔 Заедно од Богданци до Тетово, од Струга до Каменица, безброј светски имина, фотосесии, ти си кум на нашето Fresh Union, многу пати беше и дизајнер, беше диџеи, беше продуцент, вршеше преводи по граници кога светски диџеи немаа виза, многу пријателства, многу журки, многу голем придонес за промоција на Битола и Македонија. 20 години заедно не беа доволни за да раскажеме се! Се гледаме таму горе Чипур 💔, напиша Павлевски на социјалните мрежи.
Засега не е позната причината за смртта на Џипурески, кој имаше 44 години.
– Светски човек беше …а сепак наш, малце е да се напише овде се’ за него :((( Бог да и даде сила на фамилијата, се вели во еден од коментарите.
– Бог да го прости, не можам да верувам, нека почива во мир…