Марио Остојиќ од Лозница, познат ентузијаст за екстремни спортови, трагично почина на 46-годишна возраст.
„Тажна вест за сите наши сограѓани, за сите што го познаваа овој исклучителен човек, спортист, врвен параглајдерист. Секој што го познаваше знае дека беше премногу активен во спортот и љубител на екстремните спортови. Веста дека Марио почина на тенискиот терен нè остави сите во шок. Драг другар и пријателе, почивај во мир, одлетај со ангелите кон други неба и височини. Искрено сочувство до семејството и пријателите “, се вели во објавата на социјалните мрежи на страната Град Лозница.