Дамјан е роден на 11 мај 2009 година, како здраво дете…

Дамјан Павловиќ (12), момчето кое имаше малигнен тумор, а кој и покрај трите операции во Србија, неопходно било лекување во странство, за жал, ја загубил битката со оваа болест.

Момчето починало на 25 февруари, а било погребано во неделата, на 27 февруари.

„Мојот син, мојата сила, мојот живот, мојата гордост и мојот најголем борец, ангелите нека те чуваат, бидејќи и самиот беше ангел сине“ – напиша на Фејсбук Ивана, мајката на Дамјан.

„Животот е навистина суров. Некој некогаш се прашува дали Земјата е пеколот на некоја друга планета? Јас се плашам дека станува… Ни ги зима најмладите и најмилите. Нека ти е лесна земјата, а животот вечен на некое друго и поубаво место. Сочувство до семејството“ – напиша Татјана Максимовиќ Терзиќ, администратор на Фејсбук групата „Књига за СМС – буди хуман“.

Инаку, Дамјан е роден на 11 мај 2009 година како здраво дете. Се развивал нормално, напредувал како сите здрави деца на таа возраст. Се занимавал со спорт, бил редовен член на културно уметничко друштво.

Првите симптоми на болеста му се јавиле во 2014 година. На Дамјан со специјалистички преглед му бил дијагностициран малигнен тумор на мозочното стебло.

„Итно е опериран во Клиничкиот центар во Белград. Оперативниот зафат е успешно завршен. Дамјан се врати на своите секојдневни обврски. За жал, во 2019 година доаѓа до повторни симптоми на болеста, при што со магнетна резонанца е откриено повторување на болеста. Повторно е опериран. По рехабилитацијата, Дамјан повторно се вратил на секојдневните активности и на училиштето“ – беше наведено тогаш на сајтот на Хуманитарната фондација „Буди хуман – Александар Шапиќ“, која собираше пари за неговото лекување.

Во август 2021 година, Дамјан падна од велосипед. Неколку дена потоа се пожалил на вкочанетост на десната страна од телото. На лекарскиот преглед е воочен фацијалис. Следувала детална дијагностика, каде биле забележани промени, кои биле следени од лекарите. На прегледот во октомври забележани се значителни промени, поради што Дамјан повторно бил итно опериран. Утврдено било дека болеста напредувала брзо.

Сепак, оперативниот тек се искомплицирал, како и неговата општа здравствена состојба.