Телото на 40-годишна жена од Скопје е пронајдено вчера во стан во скопската населба „Даме Груев“, соопшти полицијата.

„На 29.12.2021 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Антон Кецкаров” била пронајдена почината А.А.(40) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирала екипа од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Во полицискиот билтен се додава дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.