Маж на возраст од околу 50 години загинал во сообраќајна несреќа што се случила на кривината за Рипањ на Ибарската магистрала, објавуваат утрово српските медиуми.

Трагедијата се случила околу 5.30 часот кога се судриле автомобил „фиат пунто“ управуван од настраданиот и „опел астра“ управувана од млад човек (21).

Тој се здобил со полесни повреди, додека другиот возач починал на лице место.

Поради сообраќајна незгода на Ибарската магистрала, на делницата Белград-Љиг, на 500 метри пред исклучување за Рипањ, утринава сообраќајот се одвивал со наизменично поминување на возилата.

📷

📷