Тело на 17-годишно момче било пронајдено ноќеска пред станбена зграда на улицата „Максим Горки“ во српскиот град Ниш, јавуваат утрово српските медиуми.
Како што дознаваат медиумите, Брзата помош синоќа околу 3.30 часот била алармирана од случајни минувачи кои го забележале телото, но лекарскиот тим можел само да констатира смрт.
За трагедијата биле известени полицијата и Вишото јавно обвинителство, кои наредиле и обдукција.
– На телото не се забележани повреди кои би укажале дека смртта настапила како последица на кривично дело. Сè укажува дека младиот човек паднал од височина, и дека тоа довело до смртоносен исход, но неспорната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата – велат за српските медиуми соговорници упатени во овој случај.