Руската манекенка Евгенија Симонова (37), се здобила со фатални повреди на главата откако паднала од балкон на 8-ми кат во станбен комплекс во одморалиште во Пукет, Тајланд, по што им подлегнала на повредите.

Според британски Мирор, Русинката имала профили на социјалните мрежи под псевдоними и Евгенија емитувала видео во живо на страницата за возрасни непосредно пред нејзината смрт. Во едно видео таа се претстави како „веб модел“.

Симонова по потекло била од Нижни Новгород во Русија, но се преселила во главниот град Москва. Таа отпатувала за Пукет, Тајланд, на 25 мај, а нејзиното тело било пронајдено во раните утрински часови во вторникот.

По инцидентот, друга Русинка по име Наталија Косенкова била приведена со двајца мажи под сомнение дека консумирала дрога, пишува Бангкок пост.

Во полициските извештаи се наведува дека се одржала забава во хотелот „Емералд терас“ во Патонг, во одморалиштето Пукет, каде имало секс, дрога и алкохол.

Уапсената рече дека подоцна била ослободена и ги демантираше пишувањата на тајландските медиуми дека била вмешана во секс и дрога, и покрај тврдењата дека тајландските власти на местото на забавата пронашле омоти за кондоми и фино мелен канабис.

– До таа вечер не ја познавав Евгенија Симонова. Таа само дојде на забавата на која бевме. Повикала и другарка која исто така дошла и се однесувала недолично. Можам да кажам дека јас и мојот пријател, кого го познавам долго време, се однесувавме достоинствено и пристојно. Полицијата ни верува. Од полицијата велат дека не се загрижени за нас. Јас сум само турист овде … Живеам овде пет месеци. Тоа беше обичен фестивал на пијалоци – секој ден некој умира овде – рече Коснекова.

Полицискиот генерал-мајор Сермфан Сирихон рече дека полицајците се сомневаат во една од трите работи. Или дека се работи за несреќа, самоубиство или убиство.

Полицискиот потполковник Чомпунух Анантајакун им рече на новинарите: „Веруваме дека жената можеби случајно паднала од балконот“.