Трагедија се случила во француска градинка во Плеси-Робинсон (Hauts-de-Seine) кога во петокот, на 21 март, 20-месечното момче Брајан се задавило со парче банана. Момчето починало една недела подоцна, пренесува Le Parisien.
По 25-минутен кардио-респираторен застој, спасувачите успеале да го реанимираат и да го префрлат во болницата Кремљ-Бицетре (Вал-де-Марн) пред да биде ставен во вештачка кома.
-По неуспешниот обид да се разбуди во неделата, момчето повторно беше ставено во кома и беше подложено на серија тестови меѓу кои и магнетна резонанца. Откриле дека Брајан има церебрален едем и во петокот бевме известени дека тој починал, изјави таткото на момчето Лоран за Le Parisien.
Многу француски медиуми објавија за овој немил случај, наведувајќи дека таткото на момчето ги обвини вработените во градинката за невнимание.
Таткото сега планира да поднесе жалба за „сомнение за невнимание“.
Според него, трагедијата можела да се избегне доколку вработените во градинката не биле толку невнимателни.
-Кога го запишавме детето во градинка мислевме дека таму ќе биде безбедно. Верувавме дека ќе биде заштитено. Тоа не било така и ова ме требашр да се случи, рекол таткото на момчето.
Обвинителот на областа Вал де Марн изјави дека не е покрената истрага за причините за смртта на момчето бидејќи нема сомнителни околности, а неговите родители се уште не поднеле официјална жалба.