На 09.06.2023 во 11.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Железара во Скопје, при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, скопско.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.