Вчера во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на подрачје на Центар, на вработената, 59-годишната В.З. од Скопје ѝ се слошило, по што починала на местото, извести МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.