Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера се удави 67-годишна жена од Ресен.

– Во ОВР Струга, вчера во 15.25 часот е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен, велат од полицијата.

Доктор од Здравствениот дом и Итната медицинска помош од Струга, констатирале смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.