Сара Селесте Отеро (28) од Калифорнија, која последен пат била видена жива пред 12 дена, во вторникот била пронајдена во својот автомобил во подножје од една карпа – јавуваат надлежните во овој случај.
Сара последен пат била видена во 8:40 часот на 28 јануари како ја напушта куќата на нејзината мајка во Оушансајд, Калифорнија во сив Subaru Outback со регистарска табличка 7GAB955. Оушансајд е на околу 65 километри од Сан Диего.
Наводно, Отеро му рекла на нејзиниот очув дека оди во теретана со пријател, но таа никогаш не стигнала во теретана, а пријателот тврдел дека тој ден немал договорено планови со Отеро.
Полубратот на Сара, Рајан Баер, изјави за Fox News дека Сара не се појавила на работа подоцна истиот ден и не одговарала на СМС пораки. Инспекторите веруваат дека нејзиниот телефон бил исклучен од 10 часот на денот кога исчезнала.
Кога полицијата во Оушансајд го пронашла нејзиниот автомобил, бил испратен хеликоптер да го извлече нејзиното тело.
Причината за смртта се уште не е официјално објавена, но смртта е многу сомнителна и тие очигледно е резултат на некоја „лоша игра“, како што пренесува „Ен-би-си“ од Сан Диего.
Членовите на семејството признале дека Сара била во депресија пред исчезнувањето и дека се борела со психички проблеми, како и дека имала проблем со злоупотреба на недозволени супстанци.