Германската полиција утрово го уапси Филипo Туретa (22) од Италија, кој е осомничен дека ја убил својата вереница Џулија Чекетин со која исчезна пред неколку дена.
Полицијата го пронашла во неговиот автомобил на околу 150 километри од Лајпциг, а се верува дека „крстарел“ низ германските градови во обид да се скрие од полицијата. Според изворите од истрагата, кога го запрела сообраќајната патрола, осомничениот млад човек делувал уморно и очајно, а наводно останал без пари и гориво.
Тој го запрел возилото на лентата за застанување на автопатот и ги исклучил светлата, а до него застанала и сообраќајната патрола бидејќи според законите на Германија задолжително е да се запалат фаровите во вакви случаи. Кога се доближиле до возилото, од потерницата го препознале ликот на Филипо, како и регистарските таблички на возилото што го барал Интерпол. Филипо наводно не давал отпор при апсењето.
Ја убил Џулија, а потоа ја фрлил од карпата
Џулија, која претходно беше свршена со Филипо, исчезна на 11 ноември, а се знаеше дека отишла да го види. Џулија и Филипо раскинаа во август, но наводно останале во добри односи. Џулија на кобниот 11 ноември излегла од куќата околу 18 часот и се качила во своето црно фиат пунто.
Последен пат биле видени како седат во ресторан за брза храна во трговски центар во Маргера околу 20:00 часот, по што им се изгубила секаква трага.
Безбедносните камери го снимија возилото на Филипо во Австрија во неделата на 12 ноември. Се верува дека тој претходно ја убил Џулија недалеку од границата прободувајќи ја неколку пати. Потоа го фрлил нејзиното тело од карпа недалеку од Пјанкавал, познат ски-центар.
Се верува дека на убиството му претходела расправија. Биле видени како се расправаат во автомобилот, по што Филипо наводно и удрил шлаканица на Џулија. Таа потоа бесна излетала од возилото, а тој трчал по неа. Во следниот момент ја фрла на хауба и брутално ја претепува, а многу веројатно и ја прободува со нож.
Џулија потоа паднала на тротоарот облеана во крв. Ил Месаџеро наведува дека Филипо потоа почнал да ја влече за нозе и ја ставил Џулија во багажникот.
Потоа го возел автомобилот околу 100 километри до вештачко езеро, каде што го фрлил нејзиното тело од карпа. Тие ја пронашле Џулија минатата недела по неколкудневна потрага.