Во Дунав во близина на Виена пронајдено е телото на 5 годишно момче, кое минатата недела го киднапираше неговиот татко. Минатата недела, 41-годишен Либериец во Виена и се заканувал на својата 39-годишна поранешна сопруга со празен пиштол, а потоа ја удрил неколку пати со чекан. Напаѓачот требало да им го врати детето по викенд посета, кое од тој момент било пријавено за исчезнато.
Сега телото на петгодишното дете е пронајдено во Ноје Донау во Флоридсдорф. Како што соопшти полицијата, речните полицајци во саботата околу 18 часот откриле безживотно тело на момче кое плутало во Нов Дунав.
Немаше начин да се спаси детето. Утврдено е дека тоа е петгодишното дете кое го барале. Не може да се исклучи дека момчето било жртва на насилен криминал, пренесува Kurier.at.
„Веќе е наредена обдукција. Наодите треба да се донесат подоцна во текот на денот“, изјави портпаролот на виенската полиција. Дури тогаш може да се каже колку долго телото веројатно било во вода.
Полицијата се уште го бара таткото, Тој пред една недела дошол кај поранешната сопруга без синот, а ткако ја нападнал во дворот пред станбениот комплекс, побегнал.