Пронајдено е телото на младата жена од Бања Лука по која се трагаше од рано утрово.

Како што неофицијално потврдија за АТВ, нејзиното тело било пронајдено во вечерните часови, пренесува Српскаинфо.

Потсетуваме, дваесет и осум годишната жена од Бања Лука исчезна рано утрово.

Како што претходно изјавија за АТВ, Анѓела Максимовиќ исчезнала околу 9 часот кога се упатила кон населбата Сарачица.

Во моментот на исчезнувањето била со „пежо“ со златно-сива боја.

Сè уште не се познати околностите кои довеле до оваа трагедија.