Тело на детето било пронајдено во врбите на вливот на реките Цијевна и Морача над Вуковарскиот мост, неофицијално се вели за „Вијести“.

Полицијата била известена дека во водата кај Вуковарскиот мост во Зета било забележано тело.

„Постапувајќи по пријава на граѓанин дека во Зета, под Вуковарскиот мост е пронајдено безживотно тело на дете, полициски службеници од Одделението за безбедност Подгорица излегле на лице место и извршиле увид. Се сомнева дека пронајденото безживотно тело е на четиригодишно малолетно лице, чие исчезнување било пријавено на 11 март“, соопшти Управата на полицијата.

Loading...

На 11 март членовите на семејството го пријавиле исчезнувањето на Ивана Ѓ.(30) и нејзиното малолетно дете во дежурното одделение за обезбедување Подгорица.

Пронајденото тело е испратено на обдукција во КГЦГ. По мајката Ивана Ѓ. се’ уште се трага.