Во битолската болница е донесен починат 49-годишен маж од Могила.
На 16 септември во 09.29 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив е донесен починат С.А.(49) од селото Могила.
Претходно во текот на денот имал здравствени проблеми и се јавил на преглед кај неговиот матичен лекар, кој го упатил на преглед во Клиничка Болница.