Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во Словачка, најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени во судир на воз и автобус, јавува порталот „Актуелност“. Патот е целосно непрооден по несреќата.
На местото на настанот пристигнале министерот за внатрешни работи Матус Шутај Ешток и потпретседателот на полицијата. Министерот изрази сочувство до ужалените и им се заблагодари на сите служби кои учествуваа во интервенцијата.
„Со тага ја примив веста за трагичниот судир на воз и автобус кај Нова Замка. Изразувам искрено сочувство до преживеаните. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, изјави министерот за транспорт Јозеф Раз.
Словачкиот претседател Петер Пелегрини изрази сочувство до семејствата на загинатите во сударот на воз и автобус кај Нова Замка.
Повеќе од 100 патници од возот со автобуси се превезени до градот Штурово на границата со Унгарија, се наведува во соопштението на Словачка железница.
🚨Another serious accident on the railway. This time in Slovakia, where an EC train from Budapest to Prague collided with a bus at a level crossing near Nové Zámky this afternoon.
Video source:
Facebook/katarina.molnarova.37 pic.twitter.com/hTdFhAVs6N— Czech Rail Guide (@CzechRailGuide) June 27, 2024
Главната железничка линија што ја поврзува Братислава со Будимпешта е затворена.