Во Крушевац денеска загина полициската инспекторка В.А.(46). Според неофицијални информации, жената го загубила животот поради сплет на немили околности.
Според неофицијални информации, станува збор за мајка (46) на три деца која работела во општина Крушевац.
Според Информер, таа паднала од 8-ми кат од зградата во која живеела, а засега се известува дека се работи за несреќен случај и дека жената паднала додека ги чистела прозорците.
Била член на Советот за безбедност во сообраќајот, а нејзината голема љубов било планинарењето кое го практикувала со години, а доказ за тоа се бројните слики на социјалните мрежи.
В.М. работела како сообраќаен инспектор во Крушевац.