Во текот на вчерашниот ден почина 44-годишен кумановец со иницијали Д.Г. на неговото работно место.
Како што објави МВР, тој околу 16.50 часот вчера од фабрика во Куманово со повреди од струен удар би пренесен во општата болница во Куманово.
Но, за жа, докоторите во болницата можеле само да констатираат смрт.
– Вчера околу 16.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека во фабрика во Куманово со повреди од струен удар се здобил Д.Г.(44) од Куманово. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството – се наведува во билтенот.
Во текот на вчерашниот ден исто така се случила уште една несреќа на работно место.
Во Пробиштип се повредил Д.Ј. од селото Плешенци ддека извршувал раотни задачи во фабрика во Пробиштип.