Вчера во 21.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека во селото Владевци, струмичко, во близина на крстосница со патот кој води за село Сушево, струмичко, мотоцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(50) од Радовиш, удрил во пешакот К.Ѓ.(70) од село Милетино, општина Брвеница – Тетово.
Притоа, пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, соопштија од МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.