Во ресторанот “Тајм аут” на Ада Циганлија во Белград еден од музичарите се онесвестил, а потоа починал.
Мажот (57) наеднаш колабирал, а потоа била повикана брза помош и полиција.
Лекарите од итната помош се обиделе да го реанимираат мажот, но не успеале. Ресторанот веднаш бил испразнет.
– Внатре има само неколку луѓе. Полицијата во моментов врши увид, тука се и форензичарите, вели соговорник за српските медиуми.
Смртта била констатирана во 21 часот и 30 минути.