Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, вчера едно лице загина, а две се тешко повредени.

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на автопатот кај Агино село
Сообраќајката се случила околу 15 часот, кога автомобил во кој се превезувале три лица излетал од автопатот во атарот на Агино Село. Во несреќата починало едно лице, додека другите две со тешки повреди се пренесени на лекување.

„Околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на Агино село, кумановско, патничко возило „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А. (64) од Куманово, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт. Возачот И.А. и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово интервенирале на извлекување на автомобилот од 15,35 до 17.35 часот со 1 возило и 4 пожарникари.